Македонското дрво ќе мора да се сертифицира

Bez autora
Nov 15 2011

Околу 200.000 евра или 12 милиони денари од вкупно предвидените 4,2 милиони евра буџетска поддршка за шумарството идната година да се наменат за сертифицирање на шумите, бара Здружението за преработка на дрво и за производство на мебел при Стопанската комора на Македонија. Тие се жалат дека странските партнери ги откажуваат нарачките зашто македонското дрво не е сертифицрано и ги притискаат македонските извозници да користат стандардизирани суровини. Дрвната маса без сертификат, независно дали е суровина или готов производ, ќе може да се пласира надвор од земјата до март 2013 година. Сертифицирањето трае со месеци, затоа треба да почне најдоцна идната година. Во спротивно, македонските компании не ќе можат да извезуваат. Освен домаќинско стопанисување со шумите и спречување на уништувањето, сертифицирањето ќе овозможи и еколошка заштита.

Македонското дрво ќе мора да се сертифицраОколу 200.000 евра или 12 милиони денари од вкупно предвидените 4,2 милиони евра буџетска поддршка за шумарството идната година да се наменат за сертифицирање на шумите, бара Здружението за преработка на дрво и за производство на мебел при Стопанската комора на Македонија.

Тие се жалат дека странските партнери ги откажуваат нарачките зашто македонското дрво не е сертифицрано и ги притискаат македонските извозници да користат стандардизирани суровини. Дрвната маса без сертификат, независно дали е суровина или готов производ, ќе може да се пласира надвор од земјата до март 2013 година.

„Сертифицирањето трае со месеци, затоа треба да почне најдоцна идната година. Во спротивно, македонските компании не ќе можат да извезуваат“, рече Стојмирка Тасевска од Стопанската комора.

Освен домаќинско стопанисување со шумите и спречување на уништувањето, сертифицирањето ќе овозможи и еколошка заштита. Без претходно обезбеден сертификат, не може да се стекне ниту еколошка ознака за мебел, исто така неопходна за извоз. Прво треба да се почне со сертифицирање на помали површини, а потоа, постепено, да се опфатат шумите на цела територија на државата. Според проценките, ќе треба да се сертифицираат 255.000 хектари високостеблести шуми кои главно се користат при производството на мебел.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik